Nova makedonska izdanja knjiga

Makedonski izdavac „ЃУРЃА“ objavio je nedavno jos dve knjige Agate Kristi koje vam ovom prilikom predstavljamo. To su „Golemata cetvorka“, i „Stapica za gluvci“.

Tekst koji se nalazi uz dole prikazana njihova izdanja je preuzet sa njihovog web sajta.

Njihova izdanja mozete naruciti preko sajta http://www.mojakniga.com.mk

r_7_4

Големата четворка

Терористичката група позната како Големата четворка која ја сочинуваат Кинез, Французинка, Американец и Англичанец, заговара уривање на светскиот поредок и наметнување на нов режим на владеење во светот.
Преку низа подмолни убиства со мистериозен отров, навидум неповрзани едно со друго, тие оперираат во сенка, притаени во подземна скривница во срцето на планината. Сепак, ништо не останува скриено од продорниот ум на „малиот човек“. Неколкуте случаи што ги решава Поаро со помош на својот пријател, капетанот Хејстингс, се тесно поврзани со активностите на ˝Големата четворка˝. Низ нив повторно доаѓаат до израз неговиот исклучителен интелект и способноста за психолошко портретирање на криминалците…

[divider]

o_10_2Стапица за глувци

Оваа возбудлива драма започнува со убиството на една мистериозна жена во Лондон, а дејството се одвива во еден пансион, недалеку од градот. Во секој гостин во пансионот, па и во сопствениците, во одреден момент, се открива можниот убиец. Атмосферата е напната цело време, а сомнението се префрла од еден на друг лик. На границата од реалноста и претпоставките, сите го очекуваат следното убиство…  Премиерно изведена во 1952, во Лондон, оваа драма е најдолго прикажуваната претстава на сите времиња, со над 20.000 изведби. На почетокот била дваесетминутна радиодрама, напишана во чест на 80-тиот роденден на кралицата Мери, потоа добила форма на кратка приказна, а истовремено се работела и нејзината сценска адаптација. Таа е една од најумешно напишаните и најинтересните криминалистички драми воопшто

Pogledano 13 puta, 1 pregleda danas

Možda će vam se svideti i ovo:

Ostavite komentar